КУЌАТА НА АХМЕД ЧАКО

Османската империја во времето на султан Сулејман II, не само што го достигна
врвот на своето проширување и голем економски, општествен и воен развој,
имаше и процветување на образованието, науката, уметноста и културата. Во
својот двор, султанот имаше собрано многумина паметни луѓе, кои со својата
мудрост придонесоа многу области од науката и културата да земат замав.
Дури и самиот султан беше прилежен поет и уметник. Во негово време се
забележа виден напредок и развој на османлискиот образовен систем, се разви
книжевноста, архитектурата и применетите и декоративни уметности. Во тој
период, речиси на целата територија на Македонија, се изградија монументални
објекти и архитектонски градби, величествени џамии, медресиња, библиотеки и
други разни сакрални и профани објекти.
Покрај познатите верски објекти, во Гостивар се наоѓаат и одреден број на стари
традиционални куќи, изградени помеѓу XVIII-XIX век, кои имаат висока
репрезентативна вредност. Овие објекти ни овозможуваат да разбереме многу во
однос на развојот на функцијата и градежните, архитектонските и урбанистичките
карактеристики, начинот на живеење во тоа време, а воедно имаат и посебно значење
во развојот на архитектонското обликување на градот и пошироко.
Куќата на Ахемд Чако во Гостивар, претставува типичен пример на профана
архитектура, односно муслиманска (османлиска куќа). Според податоците на
сопственикот на куќата, како и според комбинацијата на функционалните и стилски
елементи, може да се утврди дека објектот е изграден во средината на XVIII век.
Наспроти тоа што куќата е стара, како и малите измени кои се извршени со текот на
времето, куќата генерално ја сочувала структурата, етнолошката содржина и
архитектонските елементи.
Муслиманската куќа секогаш била опкружена со широк двор, заштитен со високи
ѕидови, со многу вода и зеленило, што се среќава и кај куќата на Ахмед Чако.
Опис на објектот
Објектот во минатото бил поделен на: хартемлак (куќа за жени), иако била наречена
куќа на жените, во неа живееле сите членови од семејството, и селамлак (куќа за
мажи), служела за дочек на гости, мажи. Денес селамлакот се наоѓа од левата страна
на влезната порта, но не е во функција.
Куќата во планиметрија има правоаголна форма, во долниот кат е изградена со
масивни ѕидови од камен, поврзани со кал и со дрвен појас за да му дадат на градбата
флексибилност во случај на земјотрес и во последниот кат ѕидовите се изградени со
бондрук систем, прикажана структура со греди, полнети со цигли од ќерпич и

малтерисани ја следеа урбаната османлиска култура како во инженерството така и во
проектирањето.
До влезот во приземјето се стига преку отворениот чардак, кој е позициониран од
десната страна на влезната врата, познат како ќушк, служи за одмор и разговор и
подигнат е 40 цм од подот. Од ќушкот се влегува во хајатот, кој служи како
просторија за комуникација со приземјето. Во внатрешното организирање, доминира
симетричната шема. Во приземјето кон предната фасада се наоѓаат две соби за
домување. По дневната соба, на десната страна од куќата, со поглед кон задниот двор
се наоѓа кујната од чија спротивна страна се наоѓа сандак собата. На горниот кат се
стигнува низ внатрешните скали, двонасочни, кои имаат простор за минување од
десната и левата страна и направени се од дрво. Вториот кат се отвора со широк
простор и затворен, тука го наоѓаме чардакот, подигнат околу 40 цм повисоко од
подот, дел кој што е затворен со три надворешни ѕида во кој се поставени шест
прозорци, четири во средина и по еден странично, кои го осветлуваат и чардакот. Овој
кат содржи исто така две дневни соби кои се појавуваат со идентична содржина како
оние од првиот кат. Двете соби кои се поставени на северниот дел од куќата во
вториот кат таканаречени сандак соби, не се соби за домување туку служат за чување
на потребни ствари, како и други предмети.
Од аспект на архитектонското обликување, ентериерот од куќата е побогат, каде
можеме да забележиме оригинални елементи третирани со посебно внимание.
Собите за домување во двата ката, се појавуваат со мал предвлез, каде што десно или
лево од предвлезот е поставена бањата, поинаку наречена aмамџик, во негово
продолжение речиси со иста големина од aмамџикот, поставен е ќумлеклакот
(шпоретот), изграден од керамика кој што служи за загревање на водата и собите. На
ѕидот спроти прозорците во продолжение на предвлезот, поставени се душеклаците
кои се длабнати на ѕид, чии што врати се изработени од штици со два краци каде што
има простор и за огледало и за хојналак. Над душеклакот се наоѓаат мусандрите.
Таваните се изградени од штици, со декорирана розета во средина. Вратите се исто
така од дрво бојосани со сина боја.
Во екстериерот, куќата има обликувана предна фасада, каде што можеме да ја
истакнеме гредата во форма на лак што се наоѓа над чардакот.