Пријателска средба помеѓу директорот Илбер Зулфиќари и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. На ср

Денес во просториите на НУ Конзерваторски центар – Гостивар се одржа пријателска средба помеѓу директорот Илбер Зулфиќари и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. На средбата директорот на НУ Конзерваторски центар – Гостивар, г-дин Илбер Зулфиќари го запозна Митрополитот со активностите и проектите што се реализирани и проектите кои ќе се реализираат во претстојниот период. Двете страни се согласија дека чувањето на верското и културното наследство има голема вредност за развој на демократското општество. На крај соговорниците се согласија во иднина да ја интензивираат конструктивната соработка за доброто на општеството во насока на зачувување на верското и културно наследство како и подигнување на свеста на граѓаните во сите сфери.