ПРЕДГОВОР

Културното наследство е едно од уникатните вредности на земјата, исто така е еден од најважните елементи и составен дел на нашата животна средина. Покрај тоа што ја отсликува вистинитоста на идентитетот на општеството и земјата, културното наследство воедно се смета како потенцијал за одржлив општествено економски развој и интеграција на земјата. Културното наследство е една од главните точки за развој на туризмот. Евидентирањето на културното наследство, како и нејзината заштита, бара големи заложби од страна на државните институции, граѓанското општество и различни групи од интерес.

Градот Гостивар во минатото се карактеризирал со објекти кои имале висока културна, историска, општествена вредност, но за жал, овие објекти денес не постојат. Потфрлувањето во заштитата на овие објекти од непроценлива вредност за градот и нашата заедница,  е последица од немањето на соодветна установа за водење грижа за истите. Затоа се виде за сходно, во Гостивар да се отвори центар кој ќе има задача да го чува, одржува и да го заштити културното наследство на градот, создадено со векови и кое се пренесува од генерација на генерација.

Поради оваа причина, со одлука на Владата на Република Македонија, одлучено е во Гостивар да се отвори центар за културно наследство. На 15 јануари 2008 година, Владата на Република Македонија одржа состанок на кој се донесе одлука за отворање на Национален институт “Конзерваторски центар“. Законски, центарот е основан на 15 јануари 2008 година, а свечено се отвори на 2 декември 2010 година. Првите активности центарот ги започна во 2011 година, првично фокусирајќи се само на територијата на Гостивар.

Визијата на Националниот институт “Конзерваторски центар” е културното наследство да се гледа и да се промовира како вредност која ги обединува сите граѓани. Гостивар за прв пат во својата историја создава центар од ваков вид.

Главната цел на Конзерваторискиот центар е заштита на недвижното културно наследство кое опфаќа: центри, населени или ненаселени места со археолошка, историска, етнолошка, архитектонска вредност  и како такви да се проценат објекти постари од 100 години.

Комплексната дејност на Националниот центар за конзервација има обврска првично да ги процени спомениците на културата со идентификација на објектот, а потоа следат други процеси како што се евидентирање, валоризација и ревалоризација и реставрација на културното настлесдво.