[vc_row][vc_column][vc_column_text]

СААТ ЏАМИЈА

Саат џамијата која се наоѓа во централното градско подрачје на Гостивар, е изградена во 1676 година, оваа џамија за изгради Ебу Бекир син на Кара Мустафа Паша, кој помеѓу 1639 – 1644 година, бил Везир (претседател на влада) на Османлиското царство. Џамијата на Ебу Бекир е срушена и потоа е обновена од неговиот стрико Исмаил Ага. Во 1920 џамијата го претрпува првото реновирање, а во 1944 се врши второто реновирање на оваа џамија, за да по 50 години во 1994 над темелите на оваа стра џамија се изгради убав верски храм кој се наоѓа на центарот од градот. Во склоп на џамијата изградени се медресето, интернат за учениците од околните села, како и библиотеката, но за жал оваа културна институција денес не постои.

Саат џамијата како архитектонска му припаѓа на класичните форми на градење. Џамијата е покриена со поцинкувана тенекија, има правоаголна основа и минарето кое излегува од југозападниот ѕид во полигонална форма. Планиметријата и нејзината композициската шема се состои од сала за молитвитрем (хајат) и минаре.

Трем (хајат)

Тремот (хајатот)од Саат џамијата ја опфаќа нејзината северо-западна страна. Неговата внатрешност служи (во случај на потреба, кога во салата нема место или се стигнува со доцнење) молитви, и за клањање на намазот. Подот од хајатот како секогаш е на повисоко ниво од подот на салата за молитви и теренот покрај Џамијата. Од овој дел се влегува директно во салата за молитви.

Сала за молитви

Салата за молитви има уникатен волумен и е покриен со купола. Оваа сала има планиметрија од правоаголник и има влез од варата која се наоѓа на северо-западната фасада. Што се донесува до осветлувањето, салата за молитви зема светло од прозорците поставени со поглед кон четирите конструктивни ѕида од џамијата кои се во правоаголна форма завршен со полукруг.

Минаре

Како неделив елемент на џамијата е и минарето, кое зафаќа место десно од салата за молитви кај што излегува од југозападниот ѕид. Со минарето се комуницира преку мала врата која се наоѓа во салата за молитви. Основата на минарето е правоаголна продолжува во полигонална форма и завршува во пирамидална поцинкувана форма.

Махвил

          Махвилот е целосно изведен од бетон. Тој стои на столбовите/профилирани од мермер. Махвил како конструктивен- архитектонски и функционален дел, ја збогатува и ја крши монотонијата на волуменот на салата за молитви. Галеријата зафаќа место во северозападната и источната страна над влезот во салата за молитви, на цела нејзина должина. Во махвилот се стигнува преку скалило и се наоѓаат во источниот и западниот дел. Карактеристика на Саат џамијата е дека во неа не наидуваме на декоративни елементи на ѕидовите. Подот од џамијата цел е простран со килим, кој е дизајниран во форма на правоаголник така што секој верник има свое катче за молење и клањање на намазот. Некои ритуални елементи кои го разубавуваат ѕидот од киблето на Саат џамијата се михработ, мимберот како и ќурсијата.

Михраб

Михработ се наоѓа помеѓу југоисточниот ѕид и секогаш е свртен кон Мека. Овој елемент е длабнат во ѕид (ницхе), со горниот дел во форма на полуконус збогатен со сталактички декорации резбани во б-релјеф, други декоративни детали кај Михработ среќаваме и во двата странични столба, каде на горниот и долниот дел од столбовите (кафеава боја) декорирани се со релјефна капитела, целосно изработени од мермер. Свртени кон михработ, имамот и верниците ги вршат заедничките верски молитви.

Минбер

Минберот од Саат џамијата стои на десниот дел од источниот ѕид, целиот како елемент е составен од бел мермер.

Пармаците се декорирани со геометриски форми обликувани во форма на деветоаголник кои се преплетуваат една со друга и создаваат шестокрака ѕвезда која неколку пати се повторува во правилна геометриска форма. Страничните плочи од Мимберот се разубавени со плиток релјеф со неправилни форми. Овој е користи за верски проповеди, од каде што во петоците и во првите два дена од двата Бајрама, имамот држи посебни предавања.

Ќурсија (кјурсија)

Ќурсијата е елемент изработен од мермер, има исти декоративни детали како кај мимберот и михработ. Горниот дел има празна петаглона форма  залепен за ѕид, од левата страна е отворен и служи како влез за верскиот предавач.Во долниот дел среќаваме релјефни дела во кои се изразуваат геометриските форми обликувани во форма на деветоаголник со сталактички градирани детали и со бордура во кафеава боја. Ќурсијата стои над мермерен шестаголен столб, каде што нејзиниот долен дел е поширок, е разубавен со релјефни бордури од мермер.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]